Спасовски: Не се крие ништо во случајот со полицајката

Од:

Ништо не се крие во случајот со полицајката, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци.

„Поднесена е целокупната документација до јавното обвинителство, тоа постапува и сите информации што се однесуваат на случајот ги имате таму. Тие податоци ќе ги добиете од Јавниот обвинител. Значи, се што имавме како материјал и како доказ е доставено до обвинителството и во рамките на истаргата која се води, сите информации можат да се најдат само во обвинителството“, рече Спасовски.

Инцидентот со полицајката, се случи во минатиот четврток при нејзин обид заедно со вработени од „Градски паркинг“ да го кренат непрописно паркираниот автомобил на функционерот на ДУИ, Бекир Асани, по што тој ја нападнал полициската службеничка. МВР и Јаначковска тврдат дека таа била само вербално нападната, а непосредно по нападот завршила во болница бидејќи си ја удрила раката од пајак-возилото. Вчера Јаначкова даваше изјава во Јавното обвинителство кое неделава отвори истрага за овој случај.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец