Спасовски: Наскоро очекувам договор и одлука за отворање на границите во регионот

Од:

Премиерот Оливер Спасовски очекува земјите од регионот наскоро да постигнат договор и да донесат одлука за отворање на границите.

Спасовски додаде дека е во постојана комуникација со своите колеги од соседните држави со кои, како што истакна, се разговара за отворање на границите.

– Неодамна напоменав дека одржавме и една конференција која имаше за главна цел токму со справувањето со КОВИД 19, отворање на границите, отворање на можностите меѓу државите од регионот. Тоа е најважно заради тоа што ако ги отвориме границите, имаме слободен проток на луѓе, стоки, услуги и тогаш економијата ќе доживее своја експанзија. Јас очекувам дека таков договор ќе биде постигнат и наскоро ќе може да носиме одлуки за отворање на границите за целиот овој регион, рече Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Карбинци каде присуствуваше на поставување камен темелник на место викано „Висок врв“.

Би можело да ве интересира

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго