Спасовски направил тестирање за коронавирус и чека епидемилолозите да му дадат насока дали да се изолира

Од:

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, утрово направил тестирање за коронавирус и ги чека резултатите, а во меѓувреме чека насоки и препораки од епидемиолозите за потребата од негова изолација. Од кабинетот на Спасовски велат дека ќе ги почитуваат препораките.

Спасовски претходно беше во Куманово заедно со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која, пак, е заразена со коронавирусот.

„Ги чекаме насоките и препораките на епидемиолозите. Штом ги добиеме, ќе постапиме веднаш и во целост согласно протоколите, со избегнување и најмал ризик. Штом ги добиеме препораките од епидемиолозите, веднаш ќе ја известиме јавноста“, велат од кабинетот на техничкиот премиер Спасовски.

Дека Спасовски направил тестирање, на прес-конференција објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој кажа и дека пет членови на органите на партијата се веќе во самоизолација, а двајца се позитивни на коронавирусот.

„Потпретседателот Мухамед Зекири и неговото семејство се позитивни на коронавирусот. Позитивна е и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е дел од извршниот одбор на партијата. Согласно протоколите и здравствената превенција, во самоизолација се лицата кои имале контакт со нив, како што е потпретседателот Манчевски Дамјан, Мила Царовска, Марјан Забрчанец, кои ќе се тестираат овие денови. Премиерот Оливер Спасовски утрово правел тестирање, како и да одлучат здравствените власти, тие ќе бидат почитувани. Резултат ќе биде јавно објавен“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски