Спасовски на работен ручек со лидерите на Западен Балкан и еврокомесарот Вархеји: ЕК ја поддржува инцијативата „Мини Шенген“

Од:

Во рамките на агендата со активности за време на дводневната посета на Брисел, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски учествуваше на ручекот што за лидерите на Западен Балкан го приреди еврокомесарот за проширување и соседска политика на Европската Унија, Оливер Вархеји.

На средбата на која присуствуваа и претседателите на владите на Албанија и на Србија Еди Рама и Ана Брнабиќ, стана збор за значењето на прифаќањето за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“ за реконструкција и санација на последиците од земјотресот во Албанија на 26 ноември минатата година, и за солидарноста што ја споделуваат и земјите од Западен Балкан како една од темелните вредности на Европската Унија.

Лидерите на Западен Балкан и еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Оливер Вархеји разговараа и за регионалната соработка како значаен придонес на секоја од земјите од регионот во зајакнувањето на капацитетите за меѓусебна поддршка во остварувањето на стандардите за забрзување на процесите за интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Во таа насока на средбата беше истакнато дека Европската Комисија ја дава целосната поддршка за инцијативата за зајакнување на регионалната соработка, популарно позната како „Мини Шенген“ и беше нагласено дека таа треба да биде максимално инклузивна и да се одвива по европски стандарди.

На работниот ручек што го приреди еврокомесарот Вархеји стана збор и за новата методологија за проширување за која беше речено дека му дава нов квалитет на процесот и дополнителна мотивација за земјите со аспирација да го забрзаат остварувањето на членството во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи