Спасовски на министерска конференција на земјите од процесот Брдо

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествува на Конференција на министри на земјите кои се дел од процесот Брдо, за воведувањето на системот на интегрирано управување со граничната безбедност.

Спасовски, како што информираат од неговиот кабинет, во своето обраќање на конференцијата, посочил дека механизмот на интегрирано управување со внатрешната безбедност ја обезбедува токму потребната синергија меѓу различните регионални иницијативи, осигурувајќи одржливост, регионална сопственост и еден сеопфатен пристап во постапувањето на сите национални администрации, но и на сите регионални рамки и постоечки инструменти и утврдени алатки.

– Секоја форма на соединување на сили во борбата против криминалот претставува чекор напред за сите нас, особено имајќи предвид дека овој вид соработка донесува на едно место експерти за одредена област, градејќи на тој начин мрежа меѓу националните органи, цврсто застанувајќи против криминалот и тероризмот на регионално и меѓународно ниво, рече Спасовски.

Посочил дека соработката меѓу земјите од регионот на Западен Балкан задолжително мора да биде придружена и со продлабочување соработката меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, од причина што првенствено, тоа би ја зајакнало врската меѓу приоритетите за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а воедно, со тоа и би се фокусирале и концентрирале сите чинители на дејствување од аспект на обезбедување поголема ефикасност.

Министерот Спасовски на маргините на Конференцијата оствари и билтерални средби со министерката за внатрешни работи на Република Словенија Весна Гјоркош Жнидар и министерот за внатрешни работи на Црна Гора Мевлудин Нухоџиќ.

На средбите, како што информираат од МВР, било разговарано за продолжување на соработката и заедничките проекти на полициите од регионот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила