Спасовски: МВР ќе остане отворено за соработка со Факултетот за безбедност

Од:

Академската наобразба е круната на долгиот образовен процес и секој млад човек што се решил да го мине тој пат знае дека таа фаза од неговата наобразба, не е само испит на персоналната зрелост, туку и конкретно профилирање на идната професионална подготвеност и стручност, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за безбедност во Скопје.

Во своето обраќање до студентите и професорите Спасовски нагласи дека МВР ќе остане отворено за соработка со Факултетот.

– Министерството за внатрешни работи отсекогаш било и ќе остане отворено за широка и континуирана соработка со вашиот Факултет, пред се во име на заедничките цели што ги споделуваме – практично имплементирање на високообразовните и едукативни стандарди согласно современите трендови во областа на безбедноста. Јас сум свесен дека во годините наназад, особено во последната декада се направи еден стравичен дисконтинуитет во поглед на привлекувањето кадри од вашиот и сродните факултети во редовите на Министерството за внатрешни работи. Онаму каде што природно би требало да се направи некаква првична селекција. Штетата од сето тоа е заедничка, рече министерот Спасовски.

Тој потенцира дека во периодот што следи ќе прекине таквата практика.

– Министерството за внатрешни работи, јас како негов раководител и тимот што го предводам, сме решени да ја преиспитаме досегашната кадровска политика и да создадеме простор за можен работен ангажман на најквалитетните професионални профили од областа на безбедноста. Во крајна линија длабоко сум убеден дека институционалната ефикасност и функционалност меѓу другото многу зависи од следењето и практичното имплементирање на новите научни сознанија и искуства, од постојаната едукативна надградба на вработените, како и во осмислено системско давање шанса на млади образувани и амбициозни луѓе, рече министерот Спасовски, посакувајќи им на студентите успех во натамошното образование.

Спасовски посочи дека сферата на безбедноста иако релативно млада во големото семејство општествени науки, денес веќе е етаблирано научно подрачје кое што по однос на динамиката на развој, интердисциплинарноста и актуелноста е особено интересно, но и важно за опсервација и изучување.

– Економските и социјални противречности, интегративните и глобалистички тенденции, цивилизациските и културолошки разноликости, како никогаш до сега имаат катализирачки ефект врз безбедносните трендови во кое било општество. Независно дали се работи за националната, регионалната или генерално – глобалната безбедност, сведоци сме дека во последниве години дека драстично се зголемени безбедносните ризици и предизвици, како по форма така и по содржина, нагласи министерот.

Спасовски додаде дека тоа од своја страна ја наметнува потребата на општеството за поинтензивно трагање на институционални, нормативни, концепциски и структурни одговори кои ќе понудат адекватни одговори на заканите.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ