Спасовски – Мустафа: Северна Македонија произведува стабилност и мир во Западен Балкан

Од:

=Заедничка оперативно тактичка показна вежба „Плен“ во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ денеска изведоа единици од СВР Скопје, Одделот за специјални полициски операции, Одделот за воздухопловни единици и Регионалниот центар за гранични работи – Север, со цел да демонстрираат заеднички, координиран и синхронизиран настап кога треба да се преземат мерки за справувавње со предизвици поврзани со спречување бегство и апсење лица, извршители на тешки кривични дела.

И сето ова беше изведено преку симулација на грабеж на артефакти во Музејот на современа уметност во Скопје од страна на три вооружени лица, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој заедно со неговиот косовски колега Екрем Мустафа ја проследија вежбата, оцени дека само преку вакви симулации – вежби можеме реално да бидеме поподготвени за секој предизвик што стои пред македонската полиција.

По вежбата министрите Спасовски и Мустафа заеднички констатираа дека Северна Македонија е држава која произведува стабилност и мир во Западен Балкан.

– Она што денеска го покажаа потврдува дека се подготвени да ја сочуваат безбедноста, стабилноста и на граѓаните и на РС Македонија. Се покажува дека Македонија навистина е држава која креира или продуцира мир и стабилност и во регионот, заради тоа што справувањето со вакви силни предизвици е врвен приоритет. Ако немате безбедност и стабилност, тогаш нема на што да почива државата и нејзиниот напредок, изјави Спасовски.

Тој потенцира дека она што денеска го покажаа македонските полицајци, уште повеќе е мотив, но и обврска и за него како ресорен министер и за Влада да направат се да се подобрат условите за нивна работа, да се вложува во професионалните капацитети на сите пирпадници на македонската полиција и на тој начин да се гарантира добра безбедност на граѓаните.

Според министерот Мустафа, македонската полиција покажала дека е подготвена да се справи со кои било предизвици.

– Република Косово и РС Македонија се пријателски држави кои се залагаат за стабилност во регионот. Без сигурност во нашите држави, нема да има ниту странски инвестиции, ниту безбедност на двете земји, изјави министерот Мустафа.

Во рамки на овој настан, директорот на Бирото за јавна безбедност СашоТасевски и Рашит Ќалај, генерален директор на косовската полиција потпишаа протокол за соработка за формирање заеднички истражни тимови за работа, со цел активно да се спротивстават на сите облици на организиран прекуграничен криминал, што ќе придонесе и за стабилност на двете држави, но и за стабилноста на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Косово: ЦИК ќе ја чека одлуката на Врховен суд за гласовите од Србија

Ѓуриќ: Албанските сепаратисти го официјализираа апратхејдот во Косово

Косово избори: Гласовите од Србија неважечки, пребројување на 1.472 гласачки места

Приштина го демантира Дачиќ: Гана не го повлече признавањето, има акредитиран амбасадор во Косово

Ана Ололовска

Рама од Охрид со критика до Косово што не учествуваше на лидерската средба

Татјана Ташкова

Тачи: Не сакаме во никој случај да ја замениме нашата евроатлантска перспектива со која било регионална иницијатива

Татјана Ташкова