Спасовски: Мицкоски да размисли за неговиот кредибилитет

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да даде оставка од функцијата министер, му порача дека тој како лидер на опозицијата треба да размисли за неговиот кредибилитет и да молчи.

-Јас од него очекував многу други одговори, кои треба да ги даде како лидер на опозицијата, во однос на важни прашања за македонската држава, а тоа од него не слушнавме. Воедно не слушнавме и да одговори за хидроцентралите, како и на кој основ ги има стекнато, ама веројатно ќе се даде одговор и на тоа прашање. Ако смета дека тоа во политиката му е потребно да повикува на давање на оставки малку треба да размисли за неговиот кредибилитет. Тој беше генерален секретар на криминалецот потврден Груевски во време кога ја водеа Македонија во бездна. Најмалку што може е да молчи, рече Спасовски при денешната посета на СВР Велес.

Доколку Мицкоски, како што рече Спасовски, смета дека треба да има дебата и по други прашања тогаш, како што додаде, очекува да има аргументи.

-Вакви празни кликања пред граѓаните и мислења дека на тој начин ќе дојде ќе добие нешто плус не носат ништо добро, ниту за него, ниту за неговата партија, ниту за демократијата, потенцира Спасовски.

На новинарско прашање за естрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски, министерот Спасовски потенцира дека естрадицијата е во рамки на Министерството за правда и оттаму треба да се побара одговор на ова прашање.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник