(ВИДЕО) Спасовски: Македонија и Унгарија ќе соработуваат во спречување на насилниот екстремизам и тероризам

Од:

Потпишување на договори за размена на податоци и информации при спречување на тероризмот и насилниот екстремизам е новата иницијатива која денеска ја договориле министерите за внатрешни работи на Македонија и Унгарија, Оливер Спасовски и Шандор Пинтер, кој се наоѓа во посета на Македонија.

По средбата во МВР, Спасовски рече дека Унгарија несебично и помогна на македонската полиција во справување со мигрантската криза и потсети дека унгарските колеги до сега испратиле над 600 службеници кои заедно со нашите полицајци ја обезбедуваат границата со Грција, а со тоа помагаат во безбедноста не само за нашата држава, туку и за регионот и ЕУ.

Спасовски информираше дека веќе во целост се договорени сите постапки за потпишување на договорот за полициска соработка меѓу Македонија и Унгарија и дека во скоро време овој договор ќе биде ратификуван.

Унгарскиот министер за внатрешни работи ја потенцираше важноста на улогата на македонските полицајци кои ја обезбедуваат границата со Грција во однос на мигранската рута и порача дека Унгарија и натаму ќе дава поддршка во однос на материјални и технички средства, но и во човечки ресурси.

Пинтер рече дека ќе се почитуваат правата на мигрантите но и дека нема да се дозволи да се загрози бебедноста на регионот.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби