Спасовски: Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за отварање на границите

Од:

Владата и даде насоки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето за отварањето на границите, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски во Куманово по завршување на координативна средба на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ.

– Владата даде насоки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето на отварањето на границите заедно и во соработка со Министерството за надворешни работи за да искоординираме и со соседните држави и со државите од регионот и пошироко. На основа на тоа ќе ги носиме и одлуките. Јас очекувам дека ќе ја донесеме таа одлука многу скоро и ќе можеме да имаме слободен проток на границите, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ја разгледува можноста за отварање на границите.

Тој рече дека животот мора да се враќа во нормала и да се научиме да живееме со вирусот како што се и претпоставките на сите и на СЗО.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска