Спасовски: Изборот е јасен, интеграција во ЕУ или изолација

Од:

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше и во Пелагонискиот регион, каде во Битола меѓу граѓаните беа членот на ЦО Оливер Спасовски и членката на ИО на СДСМ Мелиса Ценовска Серафимовска.

– Нашата држава, нашиот народ се исправени пред историска одлука да се продолжи европскиот пат на државата, преку усвојување на потребните реформи. Одговорност за тоа имаат сите 120 пратеници, сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Изборот е едноставен: Интеграција во ЕУ или изолација. А видовме како изгледа изолацијата од 2006 до 2016 година, порача Спасовски во Битола.

Собранието е нашиот храм на демократијата каде на прво место мора да биде она што е во интерес на државата, додаде Спасовски.

-Повикувам на разум, овој период мора да вложиме максимални напори преку парламентарен дијалог да постигнеме консензус за промена на Уставот. Опозицијата мора да се прилагоди на европските услови и самокритички да ги преиспита своите постапки, додаде Спасовски.

Во општина Могила беа претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и Даниела Рендевска.

– Членството во ЕУ е децениска стратешка цел и врвен приоритет за младите. Како прогресивна младина, ги повикуваме сите политички чинители да дадат поддршка на процесот и да продолжиме со евроинтегративниот процес. Младите во секое населено место во државата заслужуваат да живеат и да ги имаат истите можности и услови како нивните врсници во Европа, истакна Михаилоски.

Во општина Кичево беше Каја Шукова која пред присутните порача дека Македонија веќе станува лидер на Балканот во делот на енергетска трансформација од обновливи извори и дека забрзувањето на европскиот пат ќе донесе пристап до нови фондови и нови проекти за заштита на животната средина и зајакнување на енергетската независност на државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски