Спасовски и Османи поканети кај Пендаровски, вчера имаа контакт со Димитриевски кој има коронавирус

Од:

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски треба да се одржи состанок на Советот за безбедност, чиј член по функција е и премиерот Оливер Спасовски, а треба да присуствува и Бујар Османи кој е национален координатор за странска помош.

Спасовски и Османи, вчера присуствуваа и на седницата на кризниот штаб во Општина Куманово, а одржаа и прес-конференција заедно со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на кого пак му е дијагностициран коронавирус. Кабинетот на Пендаровски соопшти дека на состанокот на Советот за безбедност е поканет Османи.

Состанокот ќе се одржи, информираа од Кабинетот на Пендаровски за „А1он“, но дополнително ќе соопштат за составот, откако е утврдено дека градоначалникот Димитриевски има коронавирус, а вчера средба со него имаа Спасовски и Османи.

Од Кабинетот на Пендаровски најавија дека ќе пратат одговор за форматот на средбата откако распоредот ќе го потврдат со Владата.

Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19.

Во земјава досега има вкупно 974 дијагностицирани пациенти со Ковид-19, откако вчера беа регистрирани 66 нови случаи. Излечени се 98, а почнаа 45 лица.

Вонредна состојба во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март. Тогаш вкупно беа заболени 41 лице.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска