Спасовски хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Тој бил спроведен во Клиниката, откако, претходно качил висока телесна температура. Од МВР велат дека е во стабилна состојба.

„Министерот од вчера е на инфективната клиника поради висока температура. Неговата состојба сега е стабилна“, велат кратко од МВР.

Спасовски позитивен резултат на тестот за коронавирус доби пред два дена. Тој објави дека има благи симптоми и дека е во домашна изолација.

На Инфективната клиника хоспитализиран е и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој исто така е заразен со коронавирус.

Позитивен резултат од вчера имаат пратеничката Славјанка Петровска која објави дека има благи симптоми и националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски