Спасовски: Хајката нема да ме спречи да ги откријам злоупотребите со личните карти

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, негира дека е вмешан во аферата со личните карти. Тој денеска изјави дека само државните институции ги поседуваат податоците кои се наоѓаат на фалсификуваните лични карти и дека тоа укажува на можна институционална злоупотреба. Сепак, рече тој, истрагата ќе покаже за што биле употребени овие исправи, а неколку пати повтори дека ќе одговара секој кој се огрешил пред законот.

Спасовски потсети дека Министерството за внатрешни работи повеќе од една година ја игнорирало аферата за фалсификатите и посочи дека на документите е видлив датумот на нивно издавање, 2009 до 2014 година.

-Кога овие работи се игнорираа како да не постојат, јас веднаш по моето доаѓање започнав истрага по пријавата на неделникот „Фокус“. Обрнете посебно внимание на ноторниот непобитен факт на датумот на издавање на личните карти. Наведените имиња и броеви се точни и нема бегање од фактот дека се злоупотребени идентитетите на граѓаните. Само државните институции поседуваат вакви податоци. Ова е уште еден доказ и потврда за напишаното во извештајот на Прибе дека институциите се корумпирани и кримогени – изјави Спасовски.

Заврши, рече тој, времето на хајки и доаѓа време на професионални истраги кои ќе одговорат на сите прашања.

-Бесмислената прогаганда и хаосот што се создаваа во јавноста нема да го спречи МВР, ниту мене како одговорен, да спроведам професионална кредибилна истрага и да ги откриеме сите злоупотреби поврзани со фалсификувањето на лични карти, а со одговорите да биде запознаена јавноста. Граѓаните мора да ја дознаат вистинaта – додаде тој.

Како што рече Спасовски, истрагата е комплексна, повеќеслојна и чувствителна. Тој најави дека одредени сознанија наскоро ќе бидат обелоденети, но дека засега не е во интерес на истрагата да се објавуваат детали. Работа е на јавното обвинителство, рече тој, што одредени информации сепак протекоа во јавноста.

На новинарско прашање дали бил во контакт со приведени од аферата, Спасовски не негираше, но рече дека тоа не е важно.

-Имам контакт со многу граѓани на Република Македонија и од оваа позиција и од претходната и тоа не е важно. Се води истрага против секој кој направил криминал, или е осомничен. Тоа со кого јас сум контактирал, не амнастира никого, ниту мене. Контакти се можни од секаков аспект, но тоа не амнестира никого. На тоа укажува и самата истрага која се води во МВР – изјави министерот.

Контролата на системот, рече дека ќе им биде вратена на граѓаните, дека се случува ослободување на МВР од узурпацијата на системот, но дека не е целосна.

Истрагата за личните карти, додаде тој, не е завршена и најави дека ќе има многу нови моменти.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена