Спасовски: Грујевски и Бошкоски имале логистика од Македонија

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека поранешниот началник на Петата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, за кои имаше потерница и кои беа фатени во Солун, имале логистика од Македонија додека беа во бегство.

Спасовски во интервју за емисијата 360 степени на Алсат – М вели дека дека МВР информациите за локацијата на двајцата бегалци ја добиле непосредно од луѓе, а имало и соработка со службите од соседните земји.

– Ова е една акција која што ја работевме регионално, вклучени се повеќе служби и сознанијата кои што ги имавме од претходно доведоа до успешна реализација на оваа акција. За нас како држава во овој момент е важно да се обезбеди правдата во Македонија за сите. Токму од тој аспект клучна задача и цел на МВР беше да ги вклучи сите можни капацитети, да ги лоцираме каде се, заеднички преку регионална соработка која што ја имаме да обезбедиме информации за нив, изјави Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски