Спасовски-Галовеј: Ќе понудиме силни аргументи за позитивна одлука за старт на преговорите со ЕУ

Од:

Паралелно со организирање на изборите, ќе понудиме силни аргументи за позитивна одлука на Европската Унија за старт на преговорите во претстојниот период, истакна премиерот Оливер Спасовски на денешната средба со британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

Спасовски, во свое име и во име на Владата, се заблагодарил за континуираната поддршка од Обединетото Кралство во спроведувањето на реформите и за аспирациите на нашата земја за членство НАТО и ЕУ, и изразил увереност дека двете земји ќе ја продолжат плодната соработка како партнери и сојузници.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот потенцирал дека нашата земја го очекува полноправното членство во НАТО пред изборите во април и дека во меѓувреме се исполнуваат сите обврски и одговорностите за нашата партиципација во Алијансата, вклучувајќи ја и модернизацијата на Армијата и нејзиното финансирање согласно стандардите на Пактот.

Премиерот нагласил дека паралелно со активности за организирање на предвремените избори во април, Владата останува посветена на стабилизирање на демократијата, на спроведување на реформските процеси, на одржувањето на политички дијалог, стабилни меѓуетнички односи, и функционални институции, како аргументи за позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите во претстојниот период.

Би можело да ве интересира

Не сме скандинавска демократија, но не треба теничка влада за организирање избори, вели Гаши

Катерина Ѓуровски

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

НСДП: Без техничка влада нема фер избори

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

Ќе се укинува техничката влада, Мицкоски најави законски измени