ВИДЕО: Спасовски, Филипче и Османи не отидоа на седницата кај Пендаровски

Од:

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче не дошле на седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Ова за „А1он“ го потврдуваат од претседателскиот кабинет, а следува откако беше утврдено дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски има коронавирус.

Дали има и кој е дојден кај претседателот Пендаровски, наместо Спасовски кој е член по функција во Советот за безбедност засега не се знае, а за тоа, од Кабинетот на шефот на државата рекоа ќе информираат по седницата.

Од Владата за „А1он“ велат дека во моментов се прават консултации и анализи со епидемиолози дали премиерот Оливер Спасовски ќе биде во самоизолација поради контактот со Димитриевски во текот на вчерашниот ден.

Од Кабинетот на Пендаровски најавија дека ќе пратат одговор за форматот на средбата, но, до моментот на објавување, не испратија.

Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19.

Во земјава досега има вкупно 974 дијагностицирани пациенти со Ковид-19, откако вчера беа регистрирани 66 нови случаи. Излечени се 98, а почнаа 45 лица.

Вонредна состојба во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март. Тогаш вкупно беа заболени 41 лице.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски