Спасовски, Филипче, Адеми и Османи се сретнале со Димитиревски, а двајца амбасадори со министерот за здравство

Од:

Четворица членови на Владата вчера имаа контакт со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, а потоа, присуствуваа и на седницата на општинскиот Кризен штаб. Министерот за здравство, Венко Филипче, премиерот Оливер Спасовски, министерот за образование Арбер Адеми и вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи имаа средба со Димитриевски.

На прес-конференција заедно со Димитриевски се појавија двајца од нив, односно, Спасовски и Османи, што може да се види и од снимките.

За време на седницата, најблиску до градоначалникот Димитриевски седеле премиерот Оливер Спасовски од едната страна, а од другата вицепремиерот Бујар Османи. За време на седницата, сите носеле маски, а присуствувал и епидемиологот Жарко Караџовски. На седницата во Куманово, присуствувале повеќе од 12 лица.

Пред седницата, прес-конференција одржаа Спасовски и Османи, а на истата присустуваше и Димитриевски. По прес-конференцијата, градоначалникот на кого денес му е дијагностициран коронавирусот, дал изјави и за медиуми.

Филипче и Османи, пак, вчера имаа средба и со амбасадорката Кејт Мари Брнс, за да ја примат заштитната опрема која е донација од САД и за тоа беа објавени фотографии од страна на министерот за здравство.

Благодарност до САД за донацијата на заштитна медицинска опрема за борба против КОВИД-19. Денеска примивме маски и…

Posted by Венко Филипче on Среда, 15 април 2020

Утрово пак, Филипче имал средба со амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, од кого прими донација во вредност од 30.000 евра. За ова исто така беа објавени фотографии на социјалните мрежи.

„А1он“ се обрати до Владата за тоа дали премиерот Оливер Спасовски ќе биде во изолација, а оттаму велат дека се прават анализи.

„Ви посочуваме дека се прават анализи и консултации со епидемиолозите. Кога ќе има проценка и одлука веднаш ќе соопштиме“, велат од Владата.

Вицепремиерот Бујар Османи соопшти дека се изолирал и решил да остане дома до неговото тестирање, кое кажа дека ќе го направи во вторник.

Инаку, градоначалникот на Куманово денеска го добил резултатот дека е позитивен на коронавирусот, заедно со други 40 граѓани и тоа го објави на социјалните мрежи. 

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски