(ВИДЕО) Спасовски: Нема веќе луксузни ручеци во МВР, ќе се купува нова облека за полицијата

Од:

„Заврши времето на луксузни ручеци и вечери“, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференција.

Спасовски рече дека се намалени средствата за репрезентација и наместо тоа, ќе се купи нова облека за полицијата, бидејќи една деценија наназад не добиле нови униформи и чевли.

Министерот додаде дека досегашните луксузирања во МВР ќе го чекаат изборот на новиот јавен обвинител за да не биде затворен предметот.

Тој најави нови 500 вработувања во МВР што ќе бидат финализирани по изборите, за да не биде злоупотребен конкусрот.

Спасовски кажа дека досега МВР примило 189 преставки против свои припадници и дека десет од нив биле суспендирани од работното место, а за пет се покренати кривични пријави за несовесно однесување и за злоупотреба на службената должност.

Најави формирање ново посебно одделение во МВР за гонење на организираниот криминал и корупција.

Министерот соопшти исто така дека кога дошол на функцијата, Министерството било 39 милиони денари во минус за исплатата на плати оваа година.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа