Спасовски: Домот е светост, но има механизми полицијата и дома да проверува дали се почитуваат мерките

Од:

Полицијата има механизми и по дома да проверува дали се почитуваат предложените мерки за заштита од ширењето на корнавирусот, рече денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој не откри кои се механизмите и најави дека по седницата на Влада сите детали ќе бидат објаснети пред јавноста за мерките кои ќе бидат усвоени.

„Не би сакал да разговараме за мерки кои не се усвоени на Влада. На седницата ќе ги чуеме мерките и аргументите од здравствените власти. Граѓаните треба да знаат дека полицијата исклучиво ќе ги брани уставните одредби, а неповредливост на домот е уставна категорија. Тоа е светост и никој не може да го загрози, но ќе има механизми“, рече министерот Спасовски и нагласи дека и сега полицијата прави контроли во домовите каде што има потреба.

Спасовски смета дека во Комисијата не треба да има полицајци, иако тие го контролираат почитувањето на мерките оти не се здравствени стручњаци.

„Апсолутно нема потреба ни јас ни било кој од полиција да биде дел од Комисијата. Што е тоа што ние ќе го понудиме? Комисијата е за науката, за стручните лица. Нивните предлози се разгледуваат на Влада кога сите министри, вклучително и јас, можеме да ги разгледаме и да дискутираме за нив пред да бидат усвоени“, рече министерот Спасовски.

Комисијата за заразни болести вчера на Владата и предложи нови ограничувања за заштита од ширењето на коронавирусот. Меѓу нив се забрана на поголеми семејни собири, прослави и забави во домашни услови, а во едно живеалиште најмногу ќе можат да се примаат четворица гости, покрај лицата кои живеат таму. Ваквите забрани, министерот за здравство Венко Филипче објасни дека доаѓаат откако утврдиле дека сериозен број од новозаболените се од вакви собири.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски