Спасовски до Гаши: Мислам дека конечно по шест месеци треба да разберете дека сте избрани за претседател на Собранието

Од:

Откако Собранието ја констатираше оставката на пратеничката Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, продолжи 30-та пленарна седница. Дневниот ред уште не е изгласан, а дадена е пауза од еден час на барање на координаторот на СДСМ Оливер Спасовски.

Спасовски во процедурална забелешка реагираше околу тоа зошто некои законски решенија, иако се стигнати до Собранието, дури и пред 15 дена чекаат да бидат ставени на собраниска процедура, додека други што доцна вечерта ќе стигнат, веднаш се ставаат во собраниска процедура.

– Мислам дека конечно по шест месеци треба да разберете дека сте избрани за претседател на Собранието. Не е време само за апели. Ние вчера ги добивме законските решенија во 17.06 часот. Кажав еднаш и ќе повторам – единствено одговорен е Африм Гаши и никој друг во оваа Собрание. Не можете за едни законски текстови да кажувате дека вие имате право на интерпретација на Деловникот. Кога ве прашував за законски текстови кои што беа доставени во Собрание и ги чувавте 12, 13 или 15 дена без да ги доставите на Собранието, иако Деловникот вика во рок од три дена сте должни да ги доставите до пратениците, баравте милиони изговори тоа да го направите. Денеска кога продолжувате на ваков груб начин да го кршите Деловникот, не давате никакво одобрение, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Гаши: Постапка за одземање имунитет може да почне само со официјално барање

Горан Наумовски

До спикерот Гаши доставено барање за укинување на имунитетот на Јанчев

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Гаши: Да инвестираме повеќе во образование, наука и толеранција

Горан Наумовски