Спасовски: Бугарските навивачи провоцирале во Чаир

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека за време на мечот со „Левски“ немало инциденти, но пред почетокот на натпреварот една група навивачи од Бугарија се однесувале насилно кон припадниците на македонската полиција.

Спасовски вели дека сите навивачи од Бугарија кои што пристигнале организирано на ГП „Деве Баир“ биле пречекани и со полициски кордон се донесени до самиот стадион во Скопје. Но веројатно дел од нив своеволно се оделиле од групата или дошле сами а не со најавените навивачи.

“Веројатно имало неколку возила кои што дошле неорганизирано и при поминување низ Чаир, преку одредена провокација што ја прават, настанал конфликт. Идентификувани се напаѓачите и за скоро време ќе ги имаме детално сите информации, обелодени Спасовски.

Спортските настани треба да бидат места за уживање и ова е главната порака што сакам да ја испратам, рече министерот за внатрешни работи во однос на синоќешните инциденти пред натпреварот меѓу Шкупи и Левски Софија.

И за Премиерот Ковачевски вчерашните инциденти немаат никаква врска со спортот и се испровоцирани од поединци, хулигани.

Прво тоа вчера беше резултат на хулигани и од една и од друга страна. Ако ги погледнете арегатотите на вести, ќе видите се освен резултатот. Тоа беше уште доказ дека фудбалот треба да им се остави на спортистите и на вистинските навивачи. Никој не зборува како играле фудбалерите, туку како се тепале хулигани и како биле поврддени полицајци.„ вели Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

A1on

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати