(ВИДЕО) Спасовски: Амнестија нема да има, Иванов да го потпише Указот за ратификација на Договорот

Од:

Не се боревме за да се амнестира криминалот направен од некој. Сакаме правда за сите и секој што се огрешил да одговара за стореното во транспаретни постапки. Никој нека не се надева на амнестија, туку да се соочи со правдата за она што го направил и тоа е европска вредност и правда мора да има за сите.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи и потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски при денешната посета на Гостивар, каде оствари средба со граѓаните и се осврна на политиките на неговата партија во моментите кои ги нарече историски.

Спасовски смета дека овој период е многу важен за Република Македонија да исчекори напред за стане дел од НАТО и ЕУ како партнер и сојузник.

– По многу години тапкање во место, граѓаните ја имаат историската шанса да ѝ помогнат на Македонија, себе си и на своите деца. Со тоа Република Македонија ќе има економски просперитет, ќе стане членка на ЕУ и НАТО и ќе споделува исти вредности со граѓаните на ЕУ. Овие процеси никој не треба да ги попречува за да се остварат националите интереси-членството во НАТО и ЕУ, рече Спасовски.

Од тој аспект, како што рече, смета дека политичарите на највискоите позиции имаат најголема одговорност.

– Затоа го повикувам претседателот Иванов да го потпише законот за ратификација на меѓународниот договор и да ѝ помогне на Република Македонија да исчекори напред и да помогне, покаже и докаже дека е за иднина на оваа држава и за иднина наредните генерации, изјави Спасовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи