Спасовски: 200-те излечени од Ковид-19 се дополнителна мотивација да продолжиме во спречувањето на коронавирусот

Од:

Премиерот Оливер Спасовски на „Фејсбук“ објави дека 200 излечени наши граѓани од Ковид-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот.

– Регистриравме и ден со поголем број излечени од новозаразени. Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија, вели Спасовски.

Премиерот во објавата апелира да продолжиме да ги почитуваме мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржиме од групирања и така да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски