Спасов: Пензиите ќе се зголемат за 10,25 отсто

Од:

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов денеска оствари средби со пензионерите и претседателите на здруженијата на пензионерите од Охрид и Дебрца, притоа пренесувајќи им дел од мерките и проектите предвидени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на квалитетот на нивниот живот и повисок стандард.

– Нашите дела се потврда дека она што планираме во иднина да го реализираме за подобрување на нивниот живот ќе биде направено, бидејќи нашиот збор го даваме врз основа на точно одмерени проекти, проценети дека можат да бидат реализирани следните четири години, рече Спасов притоа потсетувајќи на реализираното ветување за зголемување на пензиите.

Просечната пензија, како што рече, од 7.600 денари во 2006 година денес изнесува 13.750 денари што, според него, е големо зголемување и исчекор напред.

– За следните четири години планираме трендот на зголемување на пензиите да продолжи за 10,25 проценти, планираме и продолжување на позитивните проекти како бесплатна банско-климатска рекреација, бесплатен туристички викенд, а планирана е и изградба на три државни домови за стари лица, за пензионери со ниски приходи, со капацитет од некаде 500 легла во вредност од три милиони евра, рече меѓу другото Спасов.

Тој најави дека грижата за највозрасните граѓани во државата продолжува и со некои нови проекти што континуирано ќе придонесат за подобрување на нивниот животен стандард, притоа како пример посочувајќи ја мерката за воведување денови со попусти за пензионерите на одредени производи во малопродажни маркети, како и можност за плаќање на рати.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука