Спасов: Не се одземаат средства за бањско – климатска рекреација

Од:

Не се врши кратење или одземање на средства од посмртнина за бањско-климатска рекреација на пензионерите, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Спасов, кој одговараше на пратеничко прашање на Љубица Буралиева, побара од неа да ги достави на проверка документите од осумте семејства за кои тврди дека им биле одземени 4.500 денари од посмртнината.

– Тоа се манипулации и невистини за еден навистина позитивен проект, изјави Спасов додавајќи дека на сега распишаниот конкурс се пријавиле 9.000 пензионери.

Пратеничката Буралиева, која исто така позитивно го оцени овој проект на МТСП, рече дека ќе ги достави документите од семејствата за да се провери зошто биле одземени тие средства.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска изјави оти се бара решение за исплаќање на декемвриската плата на вработените во Македонската радио телевизија и појасни дека поради извршно решение е блокирана сметката на ова јавно претпријатие.

Ставрески, кој рече дека со раководството на МРТВ се работи на решавање на проблемот, одговараше на прашање поставено од пратеничката Буралиева.

– Од раководството на МРТВ Владата беше информирана за состојбата која што се однесува на ситуација поврзана со стара тужба направена како акт од претходното раководство, значи не од актуелното раководство во МРТВ, датира од порано, и кое што на извршно решение предизвикува блокада на сметката на МРТВ. Од тие причини секој прилив на средства било предмет на таа блокада. Значи, не се работи за неможност да се трансформираат средства, напротив Владата соодветно на Буџетот за 2015 има предвидено во вид на дотација или трансфер до МРТВ, донесена е одлука, помината е на Влада и се бара решение за овој конкретен случај како да се изнајде решение тие средства да бидат искористени во функција на работењето на МРТВ, изјави вицепремиерот.

Рече дека очекува во наредните денови да се изнајде решение за овој проблем.

Би можело да ве интересира

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Фискалниот совет предлага од 2026 година зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години

Катерина Ѓуровски

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше