Спасени тројца што се загубиле на Галичица

Од:

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на планината Галичица од страна на Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид, успешно се спасени двајца мажи, странски државјани и една жена кои се изгубиле на оваа планина.

– Конкретно, во 16.19 часот преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е примена пријава за изгубените двајца мажи, странски државјани (од кои едниот имал повредена нога) и една жена во Националниот парк „Галичица“, во повисоките делови на истоимената планина. Двата мажа се пронајдени кај планинарската куќа на Н.П. „Галичица“ во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17.50, информираат од ЦУК.

Како што информираат од ЦУК, веднаш по дојавата за помош од изгубените, на терен брзо излегла екипата на единицата за спасување на планина од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, којашто е доброволна волонтерска организација, што делува во регионот околу Охридското Езеро, односно на територија на општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Ресен и Поградец. За настанот ЦУК ги извести дежурните во Подрачната едниница на ДЗС, а и во МВР – ЦИК од Охрид.

Според дадените информации, лицата утрово тргнале од Охрид со сино возило и застанале на паркингот „Г6“, а потоа пешки се упатиле нагоре по пешачкиот дел на Галичица. Почнале да пешачат од 09.30 часот, но лицата се изгубиле по планинските патеки, па попладне се јавиле за помош на 112 во ЦУК, по што веднаш е организирала спасителна акција.

ЦУК извести дека, согласно информацијата од МВР – ЦИК Охрид, изгубените лица се пронајдени и тоа, двата мажа се пронајдени кај планинарската куќа на Н.П. „Галичица“ во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17.50 на планината. Во спасувачката акција, покрај единиците од планинарска служба Охрид и Ресен учествувала и патрола од Гранична Полиција од Св.Наум.

Би можело да ве интересира

Активни се пет пожари во Македонија, шест се под контрола

А1он

Активни се пет пожари, два се ставени под контрола

Седум пожари им задаваат проблеми на пожарникарите

Горан Наумовски

ЦУК: 16 пожари на отворен простор, 7 се активни

А1он

Активни се четири пожари: Гори кај Дојран, Велес, Македонски Брод и близу Велес

ЦУК: Активни се пожарите близу Велес, Македонски Брод и кај Василево