Спасени три животи преку трансплантација на органи од починат донор

Од:

Министерство за здравство информира дека вчера во претпладневните часови едно храбро семејство одлучило да ги донира органите од својот близок кај кој била потврдена мозочна смрт.

dobivaj vesti na viber

– По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега. Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.
Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж. И за тоа сме им бескрајно благодарни, соопшти МЗ.

Од Министерството упатија благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат.

Би можело да ве интересира

На Клиниката за хематологија извршена трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор

МЗ: Успешно се изведува третата по ред трансплантација од почетокот на годинава

Ана Ололовска

Семејство на младо момче со мозочна смрт ги донирало органите, двајца пациенти на дијализа добија бубрези

Катерина Павлова-Николовска

На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива

На Клиниката за Ортопедски болести направена прва трансплантација на лигамент од починат донор

Ана Ололовска

Извршени девет експлантации од починат донор, 16 пациенти добија бубрези, петмина срце, а кај осум се трансплантирани коскени ткива

Ана Ололовска