А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Спасе Глигоров избран за директор на Агенцијата за администрација

by А1он06/07/2017 - 14:08328
Share0

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на шестата седница го избра Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација. Глигоров е избран со 61 глас за и еден воздржан, без присуство на пратениците на опозицијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заменик-министерот за информатичко општество Александар Бајдевски вчера истакна дека Глигоров ги исполнува сите законски услови и оти професионално и одговорно ќе ги извршува работните обврски. Според пратениците од опозицијата, изборот на Глигоров е незаконски и со него, како што посочија, се потврдува оти СДСМ врши целосна партизација на администрацијата.

Собранието ја почна расправата по Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, која ја образложи омбудсманот Иџет Мемети.

Во контекст на тоа посочи дека новиот Закон за Народниот правобранител не ги оствари во целост потребите за финансиска независност на оваа инситуцијата, ниту во него беа вградени препораките на Прибе. Според тоа, како што додаде, неопходно е да се направат измени и пратениците да ги поддржат општите акти.

Следете a1on на Youtube YouTube

Мемети рече дека во Извештајот на Прибе имало неколку клучни препораки што ќе овозможат подобрување на работата на институцијата Народен правобранител, а кои не биле внесени со последните измени на законот.

Една од клучните препораки било воведување казни за тие што ја попречуваат работата на народниот правобранител, но и формирање ад хок анкетни комисии за предмети и случаи што би ги покренувала оваа институција.

Мемети додаде дека Македонија се уште од формално-правен аспект нема создадено услови да има национална институција Народен правобранител која ќе работи со полн капацитет за промоција и заштита на човековите слободи и права.

– Се додека не се извршат измени во клучните закони, како што се Законот за вработување во јавните служби, Законот за административни службеници… не сме ја завршиле работата, нагласи Мемети.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по обраќањето на Мемети побара пауза од еден час за да ги разгледаат стенограмите од говорот. Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери даде пауза по која треба да продолжи седницата.

administracijasobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео