Спас за Валандово: Нема одговор од општината на иницијативата за референдум, ги охрабруваме советниците да донесат одлука во интерес на граѓаните

Од:

„Почитувани граѓани, претседателот на Советот на Општина Валандово не достави официјален одговор во законскиот рок од три дена на предлог иницијативата за собирање потписи за референдум на Спас за Валандово – Spas za Valandovo – SOS и со тоа според член 76 од законот за референдуми смета дека предлогот е неуреден.

Во исто време закажана е седница на Советот за утре во 20:30ч. на која како точка на дневен ред се наоѓа предлогот на иницијативата Спас За Валандово.

Ги охрабруваме советниците на утрешната седница да донесат одлука во интерес на граѓаните на Општина Валандово.

Нагласуваме дека ако уште еднаш се обидат да ја заобиколат волјата на граѓаните, ќе пристапиме кон радикални чекори со организирање протести, блокади на патишта и други демократски инструменти кои ни се на располагање во моментот“ соопштуваат од иницијативата Спас за Валандово.

Би можело да ве интересира

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он

Пожарот кај валандовско Грчиште е активен, повредени се двајца вработени во „Македонски шуми“

Земјотресот во Валандово и околината

Во сообраќајка тешко повреден е возач

Земјотрес во близина на Валандово

Горан Наумовски

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин