„Спас за Валандово“: На референдумот гласаа 4.700 граѓани

Од:

Иницијативата „Спас за Валандово“ соопшти дека на референдумот на кој валандовчани се изјаснуваа дали се „за“ или „против“ продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и дали се „за“ или „против“ отворање рудници за металични суровини на територијата на општината, гласале 4.700 граѓани.

Според засега неофицијални податоци, не е постигнат цензусот за излезност на 51 отсто од граѓаните, што значи дека референдумот не е успешен.

Тие доцна синоќа на прес-конференција истакнаа дека во текот на денот имало многу притисоци од локалната самоуправа, компанијата Сардич и Украинската амбасада.

– Ова личеше на се, само не на мирен референдумски ден. Наместо жителите на општина Валандово на овој ден како во секоја демократска земја да излезат и го дадат својот глас, тие беа сардисани од сите страни, изјави Кристијан Балески, еден од иницијаторите на референдумот.

Тој обвини и дека бил нарушуван референдумскиот молк со делење пропагандни материјали, со реклами на Радио Валандово и со агитирање од страна на противниците на референдумот и од претставници на една политичка партија.

Додаде дека пред референдумот имало и телефонски јавувања од, како што рече, носители на јавни функции, кои на вработените им се заканувале со помали плати и отпуштања, а на пензионерите им велеле дека ќе им ја прекинат пензијата.

– Имаме повеќе од 10 документирани случаи на гласачи кои беа вратени од изборачките места, бидејќи ги немало на список, а ги има во електронскиот избирачки список, самите списоци не беа прочистени имаше и починати граѓани. Како и да е, и покрај сите овие опструкции, закани и тормозења, Валандово денеска ќе слави. Речиси половината граѓани свесно и разумно го дадоа својот глас против отровот и смртта, и тие вечерва ќе спијат мирно, знаејќи дека имаат совест и самопочи, истакна Балески.

На вчерашниот референдум во Валандово право на глас имаа 10.141 граѓанин. За да биде успешен, потребно е на гласање да излезат најмалку 50 отсто плус еден од запишаните граѓани со право на глас.

Би можело да ве интересира

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин

Автомобил тешко повреди 67-годишен пешак

Им ја запалил влезната врата, кога излегол сопственикот го испрскал со спреј – уапсен 23 годишник во Валандово

Анита Петровска Рајковиќ

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

A1on