СОЗР на Влада: Вработени на Службата за заеднички работи беа логистика на бројната делегација Софија

Од:

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира и отфрла како дезинформација објавеното во дел од медиумите за наводното прикривање на вработени лица во Службата како новинари при посетата во Софија, Република Бугарија заради одржувањето на заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Шесте вработени лица во СОЗР при посетата во Бугарија присуствуваа заради извршување на работни задачи – организација и поддршка на активностите на нашата делегација, во која беа и медиумски претставници, на заедничката седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија.

СОЗР информира дека согласно заклучокот од 4-та седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 20.01.2022 година, Службата е задолжена да ги преземе сите потребни активности и координација во врска со сместувањето и превозот на новинарите кои ќе присуствуваат/известуваат на заедничката седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија, која ќе се одржи, односно од оваа временска точка, веќе одржана на 25 јануари 2022 година, а со вакво задолжение Службата е задолжена врз основа на Одлуката за нејзиното основање, каде се регулирани и уредени нејзините надлежности.

Оттука, дезинформација е дека шесте вработени лица во Службата на посетата во Бугарија биле прикажани како новинари, истите присуствуваа заради извршување на работни задачи согласно наведениот заклучок на Владата, и за истите не е направен дополнителен трошок.

Службата бара во целост да го објавите овој демант и да ја повлечете изнесената дезинформација.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези