Советување за кавадаречките пензионери како да се заштитат од кражби

Од:

Советување за кавадаречките пензионери како да се заштитат од измами и кражби, организираше денеска полициската станица од општа надлежност од Кавадарци.

– Целта е превентивно да се влијае да се спречат појавите на измама и кражби меѓу припадниците од третата доба кои се мета на измамници и крадци, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Tој меѓу другото им укажа на пензионерите дека никогаш на пазари, панаѓури и такви места каде што има голем проток на граѓани, каде што има гужви и турканици, да не се носат поголеми суми на пари, бидејќи криминалците не седат со скрстени раце.

– Ги следат уште од вадењето на нивните пензии, на пари од банкомати, се движат по нив и во првата згодна прилика кога ќе има такво ненадејно движење, кога вниманието на жртвата ќе биде на една страна, тие го користат тоа и од нивните џебови, јакни, ташни и така натаму ги вадат нивните новчаници, мобилни телефони, на тој начин вршат кражба, појасни инспекторот.

Задоволство од соработката со полицијата изрази и Ристо Анѓушев, претседател на Здружението на пензионери од Кавадарци.

По советувањето, во рамките на меѓусебното дружење, се одржа и спортски натпревар на кој претставници на полицијата и пензионерите си ги одмерија силите во шах, табла, пикадо и домино. Двете страни кажаа дека не е важно кој ќе победи, важно е дружењето.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Тројца осомничени за убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

Четворица завршија во станица после убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

43-годишен маж е убиен во тепачка во Кавадарци

Горан Наумовски