Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа четвртата редовна седница, во присуство на градоначалникот Илија Јованоски, на која што се расправаше и се усвоија предлог точките на дневен ред:План на развојни програми на Општина Прилеп за 2018 година, Одлука за ослободување од плаќање надомест за уредување на градежно земјиште за изградба на објект на КП бр.743/8 КО Прилеп за заштита и чување на електронски податоци, на инвеститорот Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици за учебната 2017/2018 година во средните училишта во Општина Прилеп, Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици за учебната 2017/2018 година во основните општински училишта во Општина Прилеп.
„Денеска се одржа четвртата седница на Советот на Општина Прилеп на која се , разгледувани неколку точки од битно значење за граѓаните на Општина Прилеп. Една од најбитните точки е донесување на Развоен план и програма за 2018 година. Во развојните програми беа наведени голем број потреби и проблеми кои што ги имаат граѓаните врз основа на што почнуваме со реализација и разрешување на овие проблеми кои ги мачат граѓаните во изминатиот период меѓу кои: комплетна реконструкција на улиците и патиштата во градот за 2018 година при што предвидени се голем број средства и комплетна реконструкција. Предвидени се средства за регулација на речното корито на Градска река, со цел да се заштитат граѓаните и објектите од временските неприлики што би можеле да се случуваат во иднина. Друга точка на дневен ред беше формирање паралелки со помал број ученици, зашто законската норма предвидува да не надминува бројот над 25 ученици и истата мора да биде во согласност со Министерство за образование. Согласностите беа доставени и до Советот по што беа едногласно усвоени“ изјави Миле Талески, претседател на Советот на Општина Прилеп.
Дневниот ред беше дополнет со две точки од кои едната Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Прилеп со што беше констатиран престанокот на мандатот на советничката Моника Грашеска Илиеска, а втората Решение за верификација на мандатот на член на Советот на Општина Прилеп, се верифицира мандатот на Весна Ангелеска за член на Советот на Општина Прилеп од редовите на СДСМ.
На предлог на предлагачот повлечена од дневен ред беше точката-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Прилеп за 2017 година.