Советот на општина Центар утре ќе гласа за продолжување на Мораториумот за 31 ДУП

Од:

Советот на општина Центар, утре ќе одлучува и гласа за одлуката за запирање на спроведувањето на 31 детален урбанистички план.

Одлуката ја предлага градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. Со неа Мораториумот се продолжува за уште два месеци, бидејќи како што стои во образложението, зададениот период е краток за да се направи анализа на Деталните урбанистички планови и да се овозможи законитост во постапувањето, правна сигурност на жителите на општина Центар, а особено поради неопходната потреба за усогласување на планската документација со законските обврски и фактичката состојба.

Дуповите кои што се донесени главно во времето кога со општината раководеше Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ, и дел од нив се носеа во ноќните часови, не се целосно изработени според законските обврски и правила и се појавуваат недостатоци во урбанистичко планската документација која не е во согласност со Генералниот урбанистички план.
Дел од Дуп-те се стари и планскиот период за кои се донесени е изминат.

Иако во Законот за просторно и урбанистичко планирање стои дека планирањето треба да биде според потребите и барањата на жителите, при изработка на овие Дуп-ови ова останало само декларативно правило. Голем проблем во е што се водело главно грижа за потребите на одделни моќници и, а не се водело сметка за хуманиот аспект на живеење: зеленило, паркинг, изградба на неопходни јавни, образовни и културни установи.

Рационалното уредување, услови за хумано живеење, надминувањето на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина, а особено вклучување на јавноста во постапката за донесување на планската документација ќе бидат основни принципи по кои ќе постапува општина Центар при изготвување на новите Детални урбанистички планови.

Со одлуката се запираат постапките за издавање одобренија за подготвителни работи и постапките за издавање одобренија за градење. Сите започнати постапки пред донесување на одлуката за Мораториум продолжуваат.
Тоа беше случај и со предметот кој предизвика интерес во јавноста и беше коментиран во одредени медиуми.

Целата постапка за објектот од ДУП „Градска четврт Маџир Маало“ е започната на 25.07.2016 година, а барањето за одобрување за градење е од месец ноември 2017. Одлуката за Мораториум на сила стапи на 28.12.2017. Сите започнати постапки пред Мораториумот според одлуката продолжуваат да се реализираат по условите кои важат пред носењето на Мораториумот, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории