Советот на Општина Центар ќе одлучува за барањата на пазарџиите од Зелен пазар

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, во текот на вчерашниот ден остварија средба со пазарџиите од „Зелен Пазар“.

На состанокот присуствуваа претставници од трговците кои на градоначалникот и директорот им ги соопштија проблемите со кои се соочуваат со нелегалните продавачи на стока и роба на паркингот со кој стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, како и со новите измени во поскапување на цените за паркирање на територијата на Општина Центар.

Преку аргументирани забелешки, двете страни постигнаа договор за надминување на разликите, кои изминатиов период манифестираа со неколкудневен штрајк од страна на пазарџиите на „Зелен Пазар.“

„Приоритет ни се граѓаните кои живеат тука. Подготвени сме да најдеме решение и не сакаме никого да оштетиме, туку напротив, сакаме да воведеме ред. Доставете ги писмено Вашите барања во архивата на општината, како би можел да ги разгледам и да ги предложам на следната седница на Совет на Општина Центар“, изјави градоначалникот.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ изјави дека ќе ги предложи барањата на пазарџиите на наредната седница на Советот на Општина Центар, каде за нивните барања ќе одлучуваат советниците на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории