Советот на општина Центар ја одржа 18-тата седница

Од:

Советот на општина Центар вчера ја одржа 18-тата седница. Донации и годишни програми за работа и за екскурзии на основните училишта беа најзастапени во дневниот ред.

Пред советниците, директорите на основните училишта на територија на општина Центар ги елаборираа и образложуваа програмите за работа на основните училишта за учебната 2018-2019 година, како и програмите за изведување екскурзии и други слободни активности.

Поради недостаток од средства, советниците изгласаа и прераспределба на средства во буџетот, со цел довршување на реконструкцијата на кровната конструкција и фасадата на основното училиште „Димитар Миладинов“.

Советот ја усвои и одлуката за давање на користење на спортските сали на општинските основни училишта на територија на општината без надоместок за потребите на кошаркарската школа на КК Работнички. Советот на општина Центар на децата од најранливите категории, односно деца со социјален ризик, општината им овозможи бесплатно користење на услугите, кои се предмет на договорот за закуп на училишен простор.

Советниците на седницата усвоија донација од Американската амбасада во Република Македонија и донација од 13 прочистувачи на воздух за потребите на градинката „13-ти Ноември“ објект Парк.

Седницата на советот беше прекината и продолжението на истата ќе биде дополнително одлучено и објавено, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски