Советот на обвинителите не може да назначи в.д. – Кој ќе ја замени Јанева по истекот на мандатот?

Од:

Помалку од еден месец останува до истекот на мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а партиите се чини дека се далеку од договор за новиот закон за Јавното обвинителство со кој треба да се реши и иднината на СЈО. Што ќе се случи со истрагите и статусот на СЈО ако во следните неколку недели партиите не се договорат за новиот закон за Обвинителството? Дали може Советот на обвинителите да ја разреши шефицата во оставка Катица Јанева или да назначи вршител на должност на нејзино место за периодот по истекот на нејзниот мандат до изборот на нов обвинител? Одговорот на овие прашања за правните експерти не е едноставен, а причините според некои од нив се дупките во Законот за СЈО донесен во септември 2015 година како политички договор меѓу четирите најголеми партии.

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, вели дека Законот за СЈО има многу правни празнини, но дека треба да се почитува бидејќи сè уште е во сила и во него треба да се бараат одговорите, а не во Законот за Обвинителството бидејќи има колизија меѓу двата закона.

„Комплексно е, но во суштина, според мене, кога е во сила Законот за Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, произведува обврски за сите. Точно во дел од одредбите се повикува и на Законот за Јавното обвинителство и таа колизија не е решена. Но, ние во Законот за Обвинителството имаме само една ситуација кога јавниот обвинител на Република Македонија е разрешен, како што беше случајот со Марко Зврлевски, Советот за обвинителите назначува вршител на должност, но тоа е експлицитно наведено и тоа е единствена ситуација, па ние влечеме аналогија и тоа го правиме и во другите, пониските обвинителства. Но, СЈО не е во обвинителската структура и затоа е дискутабилно што може тука Советот“, објаснува Штерјев.

Во Законот за СЈО не е регулирано прашањето за назначување в.д., но во член 1, став 2 од Законот пишува дека за сè што не е уредено со овој закон, ќе се применува Законот за Јавното обвинителство и другите позитивни законски прописи.

Во Законот за СЈО, кој е во сила до 2020 година, пишува дека јавниот обвинител е избран со двотретинско мнозинство по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број пратеници и од Советот на јавните обвинители по предлог на Собранието, без јавен оглас и со право на реизбор по мандатот од 4 години. Истата процедура важи и за утврдување престанок на мандатот на обвинителот што раководи спо СЈО, односно обвинителката Јанева.

„Јавниот обвинител се разрешува од функција пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на јавните обвинители почне постапка за разрешување на јавниот обвинител, Советот на јавните обвинители во разумен рок ќе достави извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување до Собранието. Извештајот ќе биде достапен на јавноста преку комисиите во Собранието, освен доколку некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку увиди дека е потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење“, пишува во Законот за СЈО.

Катица Јанева ја најави својата оставка на 15 јули, но со услов дека ќе се активира кога партиите ќе се договорат за новото законско решение за СЈО.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Наместо шефови, вишите обвинителства добија вршители на должност бидејќи немаше кворум за избор

Кристијан Ландов

Советот кој разрешува обвинители гневен: Им тече вода во канцелариите, климите расипани, пари нема

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов