Советот на јавните обвинители не расправаше за барањето на Чавков за „Пуч“

Од:

Советот на јавните обвинители на вчерашната седница не отвори расправа за барањето на екс директорот на Бирото за јавна безбедност на МВР Митко Чавков.

Во јануари Чавков до Советот достави барање за проценување на законитоста на одлуката на Катица Јанева за повлекување на обвинението за случајот „Пуч“.

Чавков сметал дека со овој потег на СЈО се доведува во прашање безбедноста на државата и граѓаните од пошироки размери.

По забелешките на дел од членовите на Советот дека претседателот Петар Аневски ја одолговлекува постапката, вчера на седница, членовите гласале точката да се симне од дневен ред бидејќи за ова не треба воопшто да расправаат.

Советот застанал на ставот дека не може да ја оценува законитоста на одлуката на СЈО бидејќи за тој случај се води постапка за други лица.

Специјалното јавно обвинителство во јануари 2017 година , се откажа од обвинителниот акт за предметот „Пуч“ од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои СЈО располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.

Еден од обвинетите во предметот Пуч, Звонко Костовски, се спогоди со Обвинителството и беше осуден на казна затвор во траење од 3 години. Изготвеното барање за заштита на законитоста поради повеќе повреди на законот, Марко Зврлевски не го достави до Врховен суд и предметот го чуваше повеќе месеци во обвинителството.

Катица Јанева барање за заштита на законитоста во Врховен суд, но предметот не и беше доставен бидејќи Советот на јавни обвинители го побарал за разгледување заедно со другите списи од предметот „Пуч“. И покрај тоа што Врховен неколку пати го бараше предметот, Петар Аневски неколку месеци го чуваше во фиока.

Дури, на вчерашната седница, откако членовите одлучија да не расправаат по барањето на Чавков, одлучиле предметот во кој е постигната спогодбата со Звонко Костовски да го врати на Основниот суд Скопје 1 од кој и му бил доставен. Сега останува судот предметот да го достави до Катица Јанева или до Врховен суд за да може да се донесе одлука за заштита на законитоста.

Би можело да ве интересира

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Сарамандова и Пеливанов стануваат виши обвинители: Советот ги одбра од 16 пријавени кандидати

Александар Тодески

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Новоизбраната членка на Советот на ЈО, Јелена Догазанска-Колева даде свечена изјава во Собранието

Љупчо Коцевски единствен кандидат за државен јавен обвинител

Барањето за мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител е пристигнато во Советот, има 15 дена да го разгледа