Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Од:

Советот на Град Скопје со 25 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан на денешната 14. вонредна седница ја донесе одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година во висина од 11 милиони евра.

Пред гласањето Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе амандман со кој се предлагаше наместо 485 милиони денари да се дадат субвенции во висина од 185 милони денари заради подобра контрола на работењето на ЈСП Скопје. За амндамнот се изјаснија 14 советници, тројца беа против, а воздржани немаше поради тоа не беше прифатен.

На почетокот на расправата по амандманот градоначалничката Данела Арсовска не го прифати. Спред неа, не е коректен и значи исмевање на сите луѓе кои денеска чекаат пред Градот за да земат плати и со сите скопјани кои денеска измрзнаа поради немањето автобуски превоз.

-Мило ми е што се вративте и се обидувате да ја исправите белјата што ја направивте. Со овој амандман ќе им ги скратите платите на луѓето и за два месеца кога ќе има избори ќе правите нова криза. Со што ќе го контролирате ЈСП со овој амандман. Не ја разбирам потребата да си играте со интелигенцијата на овие луѓе. Да не си играте со нивините судбини пред избори. Не се срамите од ова што го правите. Не можам да разберам што е целта и што е поентата. Скопјани денеска смрзнуваат заради вас. Требаше само да се извините и да ја изгласата одлуката, рече Арсовска.

Еден од предлагачите на амандманот советникот Страшо Ангеловски рече дека идејата на амандманот е да им се излезе во пресрет на вработентие во ЈСП како да ја земат плата за декември и за уште два или три месеци.

-Во политичката борба ме доведовте во дилема зашто во октомври гласав за субвенци од 110 милиони денари со кои ќе се реши проблемот со плата во ЈСП за ноември и декември 2023 година, а денеска баравте повторно да кренам рака за она за што сум се изјснил и сум бил за. Имам лична дилема. Можеби во техничкиот дел на амандманот пишува дека е за контрола, но е за да се видиме во лице и за луѓето да си ги земат платите. Јас секогаш се залагам за компромис и сакам кога ќе излезам од оваа сала да излезам со крената глава. Ве повикувам во името на компромисот баталете го инатот. Проблемто е заради инаењтењето на Советот на една страна и градоначалникот на друга. Дајте со комрпомисно мудро и паметно решение на ЈСП да му овозможиме да продолжо да фунцкионира, рече Ангеловски.

Арсовска во реплика му одговори дека за да излезат со кренати глави требаше прво да не излезат со наведната глава од тука и да го изгласаат предлогот. -Конфликт нема никаков тие што се разумни гласаа, а тие што не се беа воздржани и предлогот не помина, рече Арсовска.

Координаторката на Советничката група на СДСМ Љубица Јанчева рече дека нема да дадат поддршка за амнадманот и додаде дека тој е изнуден од порталите откако ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше првичното решение.

Заменик-градоначалникот Александар Трајановски, пак, посочи дека амандманска расправа на вонредна седница нема и затоа, како што кажа, е смешно на вонредна седница да има расправа за „смешен амандман“.

-Повеќе од јасно е кој овде води инат и затоа во ист ден сме на втора вонредна седница, рече Трајановски. Нагласи дека во октомври гласале за луѓето да земат плата пред Нова година и додаде дека декемвриската плата се дели во јануари, а не во декември.

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека повеќе од една година укажуваат на недомаќинското работење на директорите на јавните градски претпријатија.

-Ние сме должни да ја чуваме градската каса, но и да обезбедиме јавен превоз. Го поднесовме овој амандман да дадеме шанса да се изгласаат субвенции за вработените да земат пари. И да не се усвои амандманот, а да се усови предлогот дали граѓаните нема по 45 минути да чекаат автобус и да се гужбваат во автобусите. Пари сме дале, но не се гледа каде се. И повторно да се дадат пари проблемите нема да се решат, рече Андоновска.

Ова беше втора вонредна седница на Советот на Град Скопје што е свикана денеска, откако на претходната не беше донесена одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра со што ќе се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП, кои изутрина од 9 часот прекинаа со работа и нема јавен градски превоз во Скопје. Одлуката не помина за еден глас, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против.

Вработените во ЈСП организирани од Синдикатот од претпладнето се пред просториите на град Скопје чекајќи исход за одлуката за субвенционирање. Синдикатот веќе најави дека без позитивен исход нема да продолжи јавниот градски превоз кој денеска функционираше од 04.30 до 09.00 часот.

Би можело да ве интересира

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата