Претседателот на Советот на амбасадори Љупчо Арсовски, потпретседателот Мухамед Халили и членот на Извршниот одбор Тихомир Илиевски, денеска го посетија амбасадорот на Република Франција Кристиан Тимоние, кој ја завршува својата дипломатска мисија во нашата земја.
Во пријателскиот разговор тие ја нагласиле плодна активност на францускиот амбасадор кој како професионален дипломат со вонредна едукација длабоко познавање на македонската историја, култура и литература ги прошири и зацврсти односите и соработката меѓу двете пријателски земји. На средбата посебно стана збор за нашите евроинтеграции како и за балканската соработка.
-По повод успешното завршување на мисијата на неговата екселенција, во оваа прилика му беше врачена Диплома за заслуги, која му ја додели Извршниот одбор на Советот на амбасадори посебно и за неговото активно учество и соработка со Советот, истакнуваат од Советот на амбасадори.