Советникот Ненад Матевски со иницијатива за воведување на „Чуварска служба“ во Општина Центар

Од:

Честите кршења и оштетувања на урбаната опрема, оштетените детските и спортски игралишта, дрвореди и уништеното урбаното зеленило, беа причина советникот во Општина Центар, Ненад Матевски, до Советот на општината да достави иницијатива за воведување на тн. „Чуварска служба“, чија главна цел ќе биде заштитата на јавното добро во општината.

„Оваа предлог-иницијатива произлегува од континуираната потреба за подобрување на квалитетот на животот и безбедноста на жителите на Општина Центар. Имајќи го предвид постоечкиот недостаток на доволен број полициски службеници и општински инспектори, сметам дека формирањето на една ваква мобилна служба, која ќе ги покрива сите 17 урбани заедници, ќе претставува значаен чекор напред во заштитата на јавното добро“, вели во своето образложение советникот Матевски.

Иницијативата го регулира и начинот на работа на „Чуварската служба“, која вклучува и обуки за вработените од страна на експерти за овластувањата, начинот на постапување во различни ситуации, комуникациските вештини и основните правни аспекти потребни за нивната работа. „Чуварската служба“ ќе работи во блиска координација со МВР и со општинските служби, со цел зголемување на сигурноста на граѓаните на Општина Центар и заштита на јавното добро.

„Во Северна Македонија постојат примери на чуварски служби во рамките на одредени јавни претпријатија кои успешно придонесуваат кон заштита на јавното добро. На пример, Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми ‘Македонски шуми’, има организирана служба за надзор и заштита на шумските подрачја. Исто така, националните паркови како Маврово и Пелистер имаат служби за надзор и заштита на природните богатства. Дополнително, во некои општини, јавните комунални претпријатија имаат служби за обезбедување и надзор на нивните објекти и инфраструктура“, додава во своето образложение советникот Матевски.

Во рамки на ингеренциите на „Чуварската служба“ ќе бидат надзорот и заштитата на урбаната опрема, детските игралишта, клупите, кантите за отпадоци, спортските реквизити и останатата опрема. Службата ќе се грижи и за зелените површини и општинското урбано зеленило, ќе биде на терен и доколку забележи одредени сомнителни активности, ќе биде задолжена веднаш да го информира општинскиот инспекторат и подрачната полициска станица на МВР.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски од Трубарево: Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Институтот за јавно здравје препорачува: Ако има загаден воздух, седете дома и затворете ги прозорците

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ