Советникот Блажески домаќин на делегацијата од Шиченг (Пекинг)

Од:

Членови на делегација на Шиченг (Пекинг), предводени од градоначалникот Ванг Шаофенг, денес го посетија Охрид чиј домаќин беше советникот од Советот на општина Охрид, Дејан Блажески. Еднодневната посета опфати презентација на позначајните културно-историски знаменитости, посета на дел од природните богаства на Охрид.

Оваа посета на Охрид е во рамките на повеќегодишната соработка што oпштина Центар, Скопје ја има со Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија од каде произлезе иницијативата за воспоставување соработка и збратимување со oбласта Шиченг од Пекинг, Народна Република Кина со Оштина Центар од Скопје.

91032093341ed777cd73ff8542e3a28e7c46f3f3a53831d887786b11a64d7c9d_full

„Сметам дека, оваа посета е од огромно значење за градот Охрид и ќе придонесе за негова промоција во светски рамки.Огромна е честа да се биде домаќин на една ваква делегација и се надевам дека најголем интерес од ова ќе има градот, а соработката ќе се продлабочи. Областа Шиченг(Пекинг) е администравен, културен и политички центар на Пекинг. Општината е седиште на Владата и на сите институции од областа на финансиите и економијата, културата, образованието, здравството, спортот и туризмот“, изјави Блажески.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум