Советник во општината во Лозово од ВМРО-ДПМНЕ премина во ДОМ

Од:

„Советникот од Oпштина Лозово, Влатко Стојановски од коалициската листа на ВМРО – ДПМНЕ премина во редовите на ДОМ.

Денеска членови од раководството на ДОМ и МОДОМ заедно со пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачaнин остварија средба со новиот советник и со раководството на Општинската организација на ДОМ во Лозово.

На средбата на која присуствуваше и новиот градоначалник на Лозово Ацо Велковски се разговараше за развојот на општината и приоритетните инвестиции што се планираат да се направат во системите за наводнување и водоснабдување како и други можности за локален економски развој.

Се иницираше и изнаоѓање на автохтон локален прехрамбен производ по кој општината ќе биде препознатлива и ќе се поттикне развојот на руралниот туризам“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Волонтери од Америка ќе бидат сместенувани кај семејства од Лозово-за гостите храна секој ден

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска