Советник на Чулев заразен со коронавирус

Од:

На советник од Кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, му е дијагностицирано дека е заболен од коронавирус.

Тој тестот го направил пред четири дена. Од МВР велат дека советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи.

„Последен пат бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба на Министерот со лицето била на 24.05.2020. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација. Исто така, Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството“, велат од МВР.

Во МВР досега, без советникот на Чулев, евидентирани се 27 случаи на заразени вработени. Последните пет заразени се регистрирани минатата недела, а во изолација се 56 припадници на МВР.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски