Советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Битола одбива да го врати службениот „Ајфон“

Од:

Анита Ангелевска, советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, по седум месеци од смената на локалната власт се уште не го вратила службениот „Ајфон“ кој и бил доделен против правните регулативи на општината. Таа била вработена како службеничка во општината, но добила тип на телефон кој е наменет само за раководителите на сектор.

Пред неколку месеци до Ангелевска било доставено официјално барање да го врати „Ајфонот“, но таа одбила да го стори тоа па актуелната градоначалничка, Наташа Петровска, била принудена на вчерашната седница на Советот лично да го побара телефонот назад.

-Ќе ми простите г-ѓо Ангелевска што директно ќе ве прозивам, но се грижам за имотот на Општината. Ви имаме доставено официјално барање да го вратите телефонскиот апарат кој што го поседувате, онака како што следува, затоа што не треба да бидете воопшто привилегиран советник, за разлика од останатите советници коишто поседуваат други телефонски апарати, рекла Петровска.

Градоначалничката на Битола за А1он вели дека пред неколку месеци од поранешната локална власт побарале објаснување зошто советничката добила тип на телефон кој не ја следувал согласно работното место, но оттаму не добиле рационален одговор.

-Искрено се надевам дека општината ќе си го добие телефонот назад, Ангелевска не треба да биде привилегиран советник и да има различен телефон од другите, вели Петровска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките