Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо со метла против отпадот, направи метла на градскиот буџет за 16 милиони денари

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје реагира на како што велат „недомаќинското и непланско трошење на парите на скопјани и Градскиот буџет при набавката на контејнерите и опремата за собирање на смет, каде што можеше за истата сума на пари да се купат многу повеќе средства за третирање на отпадот“.

„Имено Градот Скопје набави опрема за ЈП Комунална Хигиена, возила и канти за смет што е редовна работа на еден градски татко.

Вредноста на набавката според медиумите е 1.5 милиони евра или околу 90 милиони денари од буџетот на градот Скопје. На истата набавка мора да се плати ДДВ во вредност од 18% или околу 16 милиони денари.

Ако парите преку Советот на Град Скопје се префрлеа на Јавното Комунално претпријатие и тоа со сопствени средства ја набавеше опремата за набавка на сметот, немаше да се плати ДДВ бидејќи тоа е основна дејност на претпријатието. Со ваквиот потег Петре Шилегов го оштетил Градот Скопје и скопјани за 16 милиони денари, пари кои можеа да се искористат за набавка на додатна опрема за смет.

Ова отвора дилеми дека и зад она што во јавноста Шилегов и Јанчева го продаваат како револуционерен потег всушност се крие оштетување на буџетот и можна корупциска афера.

Шилегов наместо со метла против отпадот, тој направи метла на градскиот буџет, олеснет за 16 милиони денари. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање