Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов капитулираше пред комарците, а не пак да решава инфраструктурни проблеми

Од:

„Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги остави на немилост скопјани на комарците среде лето. Скопје има градоначалник чија опасна неспособност го загрозува здравјето на скопјани. Шилегов капитулираше пред комарците, а не пак да решава инфраструктурни проблеми на граѓаните на Скопје.

Обично прскање против комарци се претвори во епска битка против злосторничките комарци што само ја покажува еклантната неспособност, неработа и популизам на Шилегов“, вели Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Не е за чудо интервентното прскање против комарци да се претвори во вносен бизнис на структури на власта како и се друго. Тоа што прво се создава проблем, а дури потоа се решава откако ќе се загрози здравјето на скопјани покажува дека Скопје има неспособен градоначалник. Комарците среде се изненадување за Шилегов што само покажува дека не ја сработил домашната задача.

Тоа покажува и дека Скопје има градоначалник популист и површен политичар кој го довлекува вниманието од вистинските теми важни за скопјани“, се наведува во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му