Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на Шилегов за донирање на 100-те илјади евра кажува дека стојат лукративни интереси

Од:

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бара од градоначалникот Петре Шилегов огромната сума од 100 илјади евра наменети за новогодишната прослава, да бидат пренаменети и донирани во хуманитарни цели.

Во ситуација кога владее сиромаштија и илјадници граѓани молат за донации, недозволиво е главниот град да се расфрла со скапи и луксузни прослави за новогодишната ноќ. Скандалозно е што Шилегов молчи за една ваква хумана идеја.

Воедно го повикуваме Шилегов да ги објави бизнисмените кои донираат 100 илјади евра само за една ноќ. Должност е на Шилегов да биде транспарентен и отчетен пред граѓаните бидејќи тие имаат право да ја знаат вистината за оваа огромна сума на пари.

Кога веќе Шилегов имал моќ да убеди бизнисмени да донираат 100 илјади евра за еден ден, зошто тоа не го сторил претходно за подобрување на градот и за помагање на граѓаните на Скопје?“, прашуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„Јавноста треба да знае како прославата која требаше да биде бесплатна одеднаш стигна до сума од 100 илјади евра, но и на што се потрошени 300 илјади евра за китење на градот и дали тоа не можеше да се стори со помалку пари.

Исто така Шилегов треба да каже колку пари ќе го чинат градот изведувачите кои настапуваат на Винтерленд и дали заедно со 400 илјади од новогодишната ноќ и китењето на градот, вкупната сума ќе чини повеќе од половина милион евра.

Молкот на Шилегов за донирање на 10-0те илјади евра кажува дека стојат лукративни интереси.

Како Советничка група го повикуваме Шилегов доколку сака да предизвика насмевки кај граѓаните да им помогне на тие на кои навистина овие пари им се потребни. Шилегов сомнежите ќе ги расветли единствено доколку донесеме заедничка одлука за донирање на средствата од 100 илјади евра за хуманитарни цели“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски