Совет на интелектуалци на СДСМ од Охрид бара независна кандидатура на Александар Петревски

Од:

Советот на интелектуалци на СДСМ во Охрид писмено преку медиумите побара од актуелниот градоначалник Александар Петревски на локалните избори во март годинава да се кандидира како независен кандидат, без разликана одлуката на Централниот комитет на СДСМ за бојкот на локалните избори доколку ВМРО-ДПМНЕ не одговори позитивно на нивните услови. На седницата која била одржана на 11-ти јануари во Охрид, Советот го осудил „свирепо прекинатиот процес на демократијата и налудничавото практикување на апсолутизмот и фашизоидната методологија на нелегитимната власт“, стои во писмениот став. Од Петревски се бара третиот мандат да го добие ако треба и какo независен кандидат

„Советот на ОО на СДСМ од Охрид побара од кандидатот на здружената опозиција Александар Петрески сериозно и длабоко да ја респектира кандидатурата која беше утврдена по легална постапка на органите на партијата, заклучил Советот на СДСМ од Охрид.

Инаку во реакцијата стои дека Советот на интелектуалци на СДСМ во Охрид ги подржува активностите на здружената опозиција и посебно и протестите во Охрид. Градоначалникот Александар Петревски се огласи преку локалните медиуми.

„Советот на интелектуалци неможе да кажува ставови туку да советува и за тоа постои. Партијата и јас лично стоиме на добро познатите ставови на јавноста за тоа што треба да се направ за да имаме демократски избори во Македонија. Тоа што е објавено од советот, кој е советодавно тело, а не хиерархиски орган во СДСМ всушност се ставови на поединци. Тоа не е општ став, а ние сме демократска партија во која секој може да си ги каже ставовите. Дописот е испратен неофицијално и со потпис без печат и така е оставен само во Супер Радио – вели Александар Петрески за Охрид 1.

Би можело да ве интересира

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години